Државни хартии од вредност

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" е директен учесник на примарниот и секундарниот пазар на државни хартии од вредност. На овој начин, Банката ви овозможува стекнување државни хартии од вредност од примарна емисија, како и тргување со постојните портфолија на секундарниот пазар.  

За своите услуги, како агент на клиентите на примарниот и секундарниот пазар на државни хартии од вредност, Банката наплаќа провизија која е објавена во нејзината важечка Одлука за надоместоци (тарифи) за услугите.