Видови старателски услуги
Видови старателски услуги што „Шпаркасе Банка Скопје" ги нуди на клиентите, домашни и странски, правни и физички лица, на домашниот и на странските пазари:
- отворање и водење старателски сметки на хартии од вредност, како и старателски парични (денарски и девизни) сметки и известување за состојбата на имотот на тие сметки;
- порамнување и извршување на трансакциите со хартии од вредност по налог на клиентот, на домашни и на странски пазари на капитал;
- наплата на приходи од хартиите од вредност, како и известувања за исплатени дивиденди, камати или доспевања на други побарувања од хартиите од вредност;
- известување за корпоративни настани, собранија на акционери и застапување на тие собранија, како и известување за правата од хартиите од вредност и извршување на налозите поврзани со корпоративните настани;
- плаќање даночни обврски на клиентите врз основа на хартиите од вредност во нивна сопственост;
- други услуги во договор со клиентот.