Акредитиви

Увозни (ностро) акредитиви




Доколку сакате да бидете сигурни дека стоката што ја увезувате, по својот квалитет, количина и роковите на испорака ќе одговара со онаа предвидена со про-фактурата, односно договорот за купопродажба склучен со странски партнер, најдобар начин е да отворите увозен (ностро) акредитив. Дополнително со користењето на овој производ си овозможувате да добиете одложено плаќање на увозот на стока.

Известување за примен извозен (лоро) акредитив


Услуга на Банката што подразбира брзо и квалитетно известување на клиентот – извозник за отворен акредитив во негова корист, при што Банката истовремено дава помош и советување во врска со анализа на условите на акредитивот како и подготовка и презентација на сетот со документи со цел сигурна и уредна наплата. Притоа, клиентите се советуваат во врска со Еднообразните норми и правила за акредитиви на Меѓународната трговска комора од Париз.

Побарајте платежна сметка online

 

Одберете платежна сметка која ќе одговара на потребите на Вашиот бизнис.

 

Побарајте кредит online

 

Зајакнете го Вашиот бизнис со дополнителни финансиски средства. 

 

Ви требаат дополнителни информации?

 

Поставете ни прашања или договорете состанок.