Употребата на девизни гаранции и акредитиви во меѓународната трговија овозможува подобра соработка со странските партнери, како и одложено плаќање, неопходно за одржување балансиран готовински тек и зголемување на ефикасноста на работењето. За извозниците, што не сакаат да го преземат ризикот за наплата на побарувањето, ние нудиме конфирмирана гаранција или акредитив, со што ви се овозможува сигурна наплата на вашите побарувања под услов да ја испорачате стоката/услугата со поднесување уредни документи во согласност со условите од акредитивот.
Исто така доколку сте купувач/увозник, вашите интереси се осигурани бидејќи исплатата на договорената сума ќе се изврши дури откако продавачот (извозникот) ќе покаже со документи дека услугата/стоката е испорачана во согласност со договорената количина, квалитет и рок.