Старателско работење

  • Едноставен и брз пристап до сите значајни регионални пазари (СЕЕ Линк членки)   
  • Исполнување на индивидуалните потреби на клиентите

„Шпаркасе Банка АД Скопје" ја извршува услугата чување хартии од вредност.


Контакти

tel.: +389 (0)2 3200 549, 3167 317
e-mail:MLCustodysMAK@sparkasse.mk

Видови старателски услуги

Видови старателски услуги што „Шпаркасе Банка Скопје" ги нуди на клиентите, домашни и странски, правни и физички лица, на домашниот и на странските пазари:

  • отворање и водење старателски сметки на хартии од вредност, како и старателски парични (денарски и девизни) сметки и известување за состојбата на имотот на тие сметки;
  • порамнување и извршување на трансакциите со хартии од вредност по налог на клиентот, на домашни и на странски пазари на капитал;
  • наплата на приходи од хартиите од вредност, како и известувања за исплатени дивиденди, камати или доспевања на други побарувања од хартиите од вредност;
  • известување за корпоративни настани, собранија на акционери и застапување на тие собранија, како и известување за правата од хартиите од вредност и извршување на налозите поврзани со корпоративните настани;
  • плаќање даночни обврски на клиентите врз основа на хартиите од вредност во нивна сопственост;
  • други услуги во договор со клиентот.