Имотно осигурување

    Домот е место каде што се раѓаат нови идеи, место каде што се кројат планови, се нижат желби, место кое изобилува со топлина, радост, среќа, место каде што се чувствуваме сигурно, сакано, удобно. Но домот и покуќнината кој го поседувате во секој момент можат да бидат оштетени од многубројни ризици: пожар, експлозија,поплава, земјотрес,провална кражба.

    Шпаркасе Банка АД Скопје e лиценциран застапник на Триглав Осигурување АД Скопје во продажба на полиси од класите:

    08 - Осигурување на имот од пожар и природни непогоди

    09 – Други осигурувања на имот

    13 - Општо Осигурување од одговорност

    Наменет е за сите кредитобаратели/ко-кредитобаратели на Шпаркасе Банка кои аплицираат за кредит обезбеден со хипотека.

    Ваши придобивки:

    • При настанат штетен случај клиентот директно контактира со осигурувачот
    • Триглав осигурување ја исплаќа штетата на банката согласно винкулацијата