Шпаркасе Банка АД Скопје заедно со осигурителната компанија Winner Life креираа продукт, кој гарантира дека во случај на несакан настан, осигурителната компанија ќе ја плати недоспеаната главница од кредит која кредитокорисникот ја должи во Банката. Кредитно животно осигурување е достапно со месечна и еднократна премија.
Кредитно животно осигурување со месечна премија е наменето за сите кредитобаратели/ко-кредитобаратели на Шпаркасе Банка АД Скопје, на возраст до 65 години при аплицирање за нов кредит, и/или за оние кои имаат постоечки кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје, од палетата на сите типови кредити за физички лица: потрошувачки, станбен, хипотекарен, кредит со депозит, студентски, автомобилски, еко кредит.
Осигурителното покритие покрива:
- Загуба на живот на осигуреникот како резултат на болест која настанала во индивидуалното времетраење на осигурителното покритие на осигуреникот
- Загуба на живот на осигуреникот како резултат на несреќен случај која настанала во индивидуалното времетраење на осигурителното покритие на осигуреникот
- Траен инвалидитет над 50% на осигуреникот како последица на несреќен случај и работна неспособност како последица на несреќен случај
Целосно покритие ги покрива следните ризици:
- Загуба на живот на осигуреникот како резултат на несреќен случај кој настанал за време на индивидуалното времетраење на осигурителното покритие на осигуреникот
- Траен инвалидитет над 50% на осигуреникот како последица на несреќен случај и работна неспособност како последица од несреќен случај
Делумно покритие ги покрива следните ризици:
- Загуба на живот како резултат на несреќен случај – осигурен износ: недоспеана главница на кредит
- Загуба на живот како резултат на болест ( 15% од преостанатото т.е. недоспеан износ од главницата на кредитот на денот на настанатиот случај)
Ваши придобивки:
- Лична заштита и заштита за вашите најмили при неочекуван настан
- Лесно и едноставно плаќање – премијата е вклучена во кредитниот ануитет и се плаќа месечно
- Шпаркасе Банка АД Скопје ви ги овозможува сите финансиски услуги на едно место
- За станбени, хипотекарни и Geff кредити каматната стапка е пониска доколку се аплицира за кредитно животно осигурување