Како да аплицирам?
Дебитната платежна картичка VISA се издава единствено доколку имате платежна сметка во Банката, односно потребно е да сте постоен клиент на Банката. Отворањето платежна сметка е едноставно, може да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за платежна сметка.
Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подигнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, може да ја користите платежната картичка.
Доколку сте постоен клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.
Аплицирај online