Локална заедница

Шпаркасе Банка го поддржа проектот „Љубов, Сила, Слобода“, посветен на лицата со попреченост

Шпаркасе Банка во рамки на својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, го поддржа проектот „Љубов, Сила, Слобода“, инициран од Гере Трипков и Здружението Икуалити и ZEN, кое има за цел да ја прошири човековата перцепција и позитивно да влијае на прифаќање на различностите.

Проектот #ЉубовСилаСлобода е посветен на лицата со попреченост, а претседателот на здружението, Гере Трипков, низ реализација на трите авантуристички предизвици инспирира голем број луѓе и ги мотивира да веруваат во себе и да веруваат во иднината.

Видеата за трите предизвици можете да ги погледнете на следните линкови:

Предизвик 1 #Слобода 🕊 https://shorturl.ac/sloboda

Предизвик 2 #Сила 💪 https://shorturl.ac/sila

Предизвик 3 #Љубов ❤️ https://shorturl.ac/ljubov

Шпаркасе Банка продолжува да посветува особено внимание и грижа за општото добро и ја дава својата поддршка за развој на заедницата преку поддршка на проекти од овој тип, кои промовираат заштита на човековите права, стремејќи се кон создавање трајни позитивни промени во општеството.

#ВерувајВоИднината #ВерувајВоСебе #SparkasseLife

Шпаркасе Банка со поддршка на дистрибуцијата во РС Македонија

На 11. Мај. 2023 година со поддршка на Шпаркасе Банка се одржа отворањето на најсовремено опремениот складишно-дистрибутивен центар на Атлантик Група!

Новоизградениот модерен објект ги обединува вкупните складишни капацитети на Атлантик Група во Скопје и со гордост можеме да кажеме дека инвестицијата е реализирана како резултат на соработката на Шпаркасе Банка со партнерската компанија- друштвото Вичишки Комерц Дооел од Скопје.

Предводени од корпоративниот слоган #ВерувајВоИднината, цврсто го поддржавме овој проект кој меѓу другото, вклучува и дигитална трансформација во полето на логистиката и дистрибуцијата, со што придонесуваме за позитивни промени, функционално општество и имплементација на иновативни дигитални решенија во секојдневието.

Наздравуваме за новиот објект на Атлантик Група, кој ќе ги обедини сите логистички операции и ќе обезбеди важни предуслови за понатамошен развој на дистрибутивниот бизнис.

Веруваме во иднината и инвестираме во иднината на дистрибуцијата! .

Низ многубројните проекти што се реализираат кон институции и организации што припаѓаат или чија дејност е насочена кон развојот на локалната заедница, Шпаркасе Банка" придонесува за создавање дополнителни вредности во заедницата во која деjствува и воедно овозможува да се реализираат проекти што имаат како основна цел заштита на животната средина, заштита на културното наследство и развој на уметноста. Како дел од заедницата се вклучуваат и невладините организации, јавните институции, верските заедници и здруженијата на граѓани што заштитуваат социјално ранливи групи.

Настан на кој жените лидери зборуваат на тема: Зелена економија

На 22.03.2023 се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација на жени лидери - зелената економија.

Во организација на Македонска Банкарска Асоцијација, со овој настан се одбележа Глобалната/ Европската недела на пари која годинава се прославува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.

Поздравно обраќање на настанот имаше претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, а на панел дискусијата учествуваа г-ѓа Нина Неданоска, Заменик претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје, г-ѓа Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Прокредит банка АД Скопје и г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, Управител на Штедилница ФУЛМ.

На настанот жените - лидери споделија со присутните како тие лично ја доживуваат зелената економија, како го имплементираат концептот на зелена економија, како и нивното мислење за тоа кои се најитните прашања за одржливост со кои се соочува банкарската индустрија денес.

За повеќе детски насмевки

По повод 19 Август - Светскиот ден на Хуманоста Шпаркасе Банка во соработка со долгогодишен партнер- СОС Детско Село започнаа заедничката кампања под мотото - "За повеќе детски насмевки", која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете да прерасне во силна индивидуа.

Во периодот од 19.08 до 30.09.2022г, со секоја новотворена депозитна партија од типот Штеден План, Детско Штедење, Депозит плус или Депозит прогрес, Банката ќе донира по 600 денари за потребите на СОС Детско Село, а депонентите ќе добијат симболичен подарок 🎁 – молив со семе кое може да си го насадат Во рамките на оваа насока предвидени се и следните активности:

🌷Вработените донираат по 250 денари за садници кои што ќе бидат засадени во СОС Детското село по завшрувањето на кампањата.

“Секое дете е посебен цвет. А сите заедно прават светот да биде прекрасна цветна градина ” 🌷

#заповеќедетскинасмевки

#ијасбирамдадонирам

Донација на противпожарно возило на Општина Ресен

На 04.01.2023 година,Шпаркасе Банка АД Скопје, преку својата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Австрија, а во соработка со Македонската амбасада во Австрија, ѝ донираше противпожарно возило на Општина Ресен.

На овој начин, се придонесе кон унапредување на возниот парк за специфични ситуации од големо значење за Преспанскиот регион.

Во рамките на платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка континуирано ја надоградува својата стратегија за корпоративна општествена одговорност со нови проекти.

Предводени од корпоративниот слоган „Верувај во иднината“, оваа донација ја искажува цврстата заложба на Шпаркасе Банка за поддршка и развој на локалните заедници, како и подобрување на условите за живот на сите во општеството.

Првата Pet-Friendly банка во Македонија

Шпаркасе Банка е првата банка во Македонија која ги отвори своите врати за домашните миленичиња и стана Pet-Friendly банка.

Ние сме свесни дека домашните миленичиња се третираат како дел од семејството и заслужуваат да имаат дозволен пристап во нашите простории. Сепак имаме одредени правила на однесување што се објавени во експозитурите. Сопственикот на миленичето е одговорен за неговото однесување и се грижи за сигурноста на другите присутни во експозитурата, како и да не се наруши работната атмосфера и хигиената.

Програма за поддршка на стартап компании „Чекор по чекор“

Како прва банка која воведе специјализирана едукативна и менторска програма за поддршка и пристап до финансиски средства во форма на банкарски кредит за старт-ап бизнисите, Шпаркасе Банка го покажува своето одговорно банкарско работење и преку „Чекор по чекор“ програмата придонесува во јакнење на домашната економија, а воедно дава општествена поддршка за компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис.

Истата започна од 2019 година и после два успешно спроведени циклуси овозможи финансирање на околу 20 старт-ап бизнис, кои денес се стабилни и успешни микро компании на македонскиот пазар, со вкупен износ на кредитно финансирање од околу 200.000 евра.

Преку склучување на идни партнерства и соработки, како и вмрежување на сите заинтересирани институции од невладиниот сектор, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата мисија да обезбеди пристап до финансии и едукативна програма за младите и талентирани иноватори како нивната бизнис идеја да ја развијат во одржлив бизнис и на тој начин ги подобрува условите за домашнo претприемништво, но и да ја потикнува креативната и иновативната индустрија во земјава.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на следниот линк.

Избор на НАЈ-ЕКО општина во соработка со Пакомак

Живеењето во чиста и здрава животна средина е награда доволна сама по себе, бидејќи тоа има непроценлива важност во колективното ниво на среќа и задоволство. Сепак, Пакомак и Шпаркасе Банка решија да обезбедат дополнителни награди и донации за општините кои најмногу се истакнаа во изминатата година.

Трите општини со најдобар резултат според мислењето на комисијата ќе бидат наградени за својата посветеност кон чиста, здрава и одржлива околина, а наградите ќе им бидат доделени во текот на месец октомври. Наградите и донациите се обезбедени од страна на Пакомак и Шпаркасе банка, со цел да бидат од корист на сите луѓе од заедницата, но и за да го поттикнат активното учество во борбата за почиста околина.

Донирање на СОС Детско Село, без провизија

Со цел подобрување на квалитетот на животот на децата од СОС Детско Село, Шпаркасе Банка им овозможи на своите клиенти - корисници на мобилното банкарство можност за донирање парични средства.

Уплатата на донации е без провизија, користејќи предефиниран терк, поставен во делот Режиски трошоци во мобилната апликација S Banka.

Шпаркасе Банка веќе 10-та година по ред ја поттикнува и негува идејата за индивидуално филантропство, давајќи личен пример со индивидуални донации од своите вработени кон СОС Детско село.

Ги охрабруваме сите наши клиенти да станат дел од градење заедничка култура на солидарност и поврзување. Со донирање за СОС Детско село, вие донирате за повеќе детски насмевки, топол дом и љубов за секое дете.