Вредности

Во нашата Групација го цениме поединецот. Тоа важи за милиони клиенти чии индивидуални потреби ги следиме, но важи и за нашите вработени. Секој вработен на Шпаркасе банка е избран поради неговите вештини, особености и став. Веруваме дека чесноста, креативноста, желбата за работа и позитивниот став придонесуваат за одржување на визијата започната пред 200 години: да бидеме Банка која е прв избор на клиентите.

Нашата мисија е да бидеме партнер банка за нашите клиенти и вработени и со таа цел нашата работа ја базираме на следните вредности:

1

ИЗВОНРЕДНОСТ


Се стремиме да бидеме извонредни во сите наши активности и постапки. Секојднвено вложуваме напори да бидеме подобри и да ги надминуваме очекувањата, континуирано се надоградуваме и усовршуваме, со цел да бидеме најдобриот избор за нашите клиенти.

2

АГИЛНОСТ


Со отворен ум ги прифаќаме секојдневните предизвици. Делуваме проактивно и предлагаме решенија. Преку нашата иницијативност и креативност воспоставуваме нови стандарди на работењето.

3

СТРАСТ


Работиме со ентузијазам, посветеност и позитивен пристап. Страста кон работата нé мотивира во секој момент да бидеме најдобрата верзија од себе.

4

ДОВЕРБА


Веруваме во нашата банка. Веруваме во нашиот тим. Довербата која ја градиме со нашите клиенти е клуч на нашиот успех.

5

ПАРТНЕРСТВО


Градиме стабилни и партнерски односи. Ги почитуваме различностите. Партнерски го трасираме патот на успехот.

Погледнете и за:

Контакти

Дирекција за човечки ресурси

ул. Васил Иљоски 14, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

Tel: +389 2 3167 156

hr@sparkasse.mk