• 2016 23 Април
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА ПЛАТФОРМА ЗА КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ SPARKASSE LIFE

ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА ПЛАТФОРМА ЗА КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ SPARKASSE LIFE

Шпаркасе Банка Македонија оваа сабота, на тревникот пред популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, пред голем број посетители ја промовираше новата платформа за општествена одговорност - Sparkasse Life.

Оваа платформа ги опфаќа повеќе области од општествениот живот кои до сега Шпаркасе Банка Македонија успешно ги развиваше во рамките на нејзината стратегија за корпоративна општествена одговорност, а која опфаќа повеќе сегменти: културата и уметноста, здравството, образование и наука, како и социјално ранливите категории на граѓани и лицата со тешки и ретки болести. Како една нова област која ќе се развива во рамките на Sparkasse Life платформата е поддршката на спортот во функција на водење на здрав живот.

„Општествената одговорност е една од позначајните стратешки определби на Шпаркасе Банка Македонија, која ја негува долгогодишната традиција на грижа кон општеството и заедницата во која делуваме. Ние во рамките на нашата Шпаркасе и Ерсте Групацијата посветуваме особено внимание и грижа за општото добро и ја даваме нашата поддршка за развој на заедницата преку поддршка на проекти од повеќе сегменти на општествена одговорност, кои веќе се составен дел од деловна стратегија на Банката. Оваа година во рамките на нашата стратегија за општетсвена одговорност нашиот фокус го насочуваме и кон поддршка и развојот на спортот во функција на водење на здрав живот.Овој настан претставува почеток на новиот концепт и ќе биде првиот од серијата на активности кои планираме да ги реализираме во следниот период. Преку овие настани ќе ги стимулираме и вработените да земат активно учество во кампањата и да ги заменат автомобилите со своите велосипеди.Се надевамe дека нашата иницијатива ќе ја препознае пошироката јавност, но и дека ќе успееме да инспирираме што поголем број луѓе и институции за да придонесат со свое активно учество и свој личен придонес преку активно вклучување во акцијата за создавање на поубав и поздрав свет за секого“, изјави Г-дин Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Саботното дружење со Шпаркасе Банка го посетија сите поддржувачи на спортот и здравите навики, кои уживаа во можноста да се рекреираат, забавуваат и едуцираат за позитивното влијание на спортот врз здравиот живот. Во рамките на отворената панел дискусија во која учествуваа врвни професионалци од областа на медицината и спортот посетителите имаа можност да добијат корисни совети за водење на здрав живот и здрава исхрана, како и за неопходноста за вршење на одредени физички активности во секојдневниот живот.

Овој настан кој успеа да привлече внимание на поголем број посетители е воедно и најава за следните активности од Шпаркасе Банка Македонија, кои ќе се случуваат секоја сабота во месец мај, во Градскиот Парк, со организирано отворено едночасовно вежбање заедно со професионални фитнес тренери, што често се случува и во градските паркови на познатите светски метрополи.