• 2016 1 Јуни
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ И ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ 11-ТИ

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ И ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ 11-ТИ ОКТОМВРИ

Денес, во 14 часот, Шпаркасе Банка Македонија подготви пријатни изненадувања по повод прославата за матурантите и полуматуранти во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, со скромни подароци кои донесоа многу радост и широка насмевка на детските лица.

Претставниците на Шпаркасе Банка и останатите донатори беа пречекани со свечена приредба, со која децата ја покажаа својата благодарност за нивната досегашна помош и поддршка.

„Ваквите настани се вистински пример за тоа колку многу значи вниманието и грижата, особено за најмладите. Матурата и полуматурата се моменти кои се паметат засекогаш, а со овие подароци од донаторите, верувам дека многу ќе значат на нашите штитеници. Им благодарам за дарежливост на донаторите и помагателите кои со својот хуман гест предизвикаа насмевски на детските лица“, изјави Директорката на Детски Дом 11-ти Октомври Скопје, г-ѓа Ристенка Атанасова.

Шпаркасе Банка Македонија и во иднина преку конкретни хуманитарни проекти ќе продолжи да ја покажува својата безрезевна грижа и поддршка за децата од Домот 11-ти Октомври. Својата хуманост ја покажаа преку низа реализирани донации во изминатите години, согласно потребите на домот за набавка на опрема и мебел, како и со акцијата во која беа вклучени и вработените во Банката за хортикултурно уредување на дворот на домот.