img_002
  • 2016 1 Јуни
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА И ЦДХВ

ШПАРКАСЕ БАНКА ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА И ЦДХВ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, преку купување дополнителен пакет обични акции со право на глас. Со донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, Банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02% на 15,97%, додека преку купување на дополнителен пакет на акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95% на 19,98%.

Долгорочно вложувајќи, Банката очекува позитивен развој на пазарот на капитал во Република Македонија, како и позитивни финансиски резултати на наведените друштва.

Со ваквиот инвестициски чекор Шпаркасе Банка Македонија ја покажува својата доверба во институциите кои го водат пазарот на капитал и воедно придонесува за негов понатамошен развој, како и развој на целокупното економско окружување во државата.