• 2016 31 Октомври
    Соопштенија ЕКСПОЗИТУРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ОХРИД

ЕКСПОЗИТУРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ОХРИД

Шпаркасе Банка ја отвори својата експозитура, на нова локација во Охрид.

Свеченото отворање се одржа во 12 часот, и на него присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од Охрид и околината, по што следеше и коктел-забава во бистро „Corner“. Свое обраќање пред гостите имаа претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, кои ја претставија деловната стратегија на Банката за проширување на својата мрежа секаде каде што постои потенцијал и можност, со цел услугите на Шпаркасе Банка да станат што подостапни за сите корисници. Покрај информациите за услугите и производите на Банката, оваа експозитура дополнително ќе функционира и како поддршка при зајакнувањето на локалниот развој на заедниците.

Отворањето на експозитурата во Охрид е уште една потврда за грижата на Шпаркасе Банка Македонија за поголема достапност до своите клиенти. Отворањето нови и модерни експозитури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите, значат поголем број директни контакти и зголемена можност за користење на атрактивните банкарски производи и услуги.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.