SMS_2
  • 2017 7 Април
    Соопштенија СМС ИЗВЕСТУВАЊЕ - НОВА УСЛУГА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

СМС ИЗВЕСТУВАЊЕ - НОВА УСЛУГА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

Започнувајќи од 01.04.2017 г. Шпаркасе Банка Македонија воведе нова услуга, со која им овозможува на своите клиенти користење на услугата СМС-известувања. Со испраќање СМС-пораки на мобилниот телефонски број на корисникот, клиентите може да бидат постојано во тек, да ги следат и да ги контролираат трансакциите направени со платежните картички од Шпаркасе Банка!

Понудата е достапна за сите физички лица, кои отсега имаат можност да добиваат СМС-известувања за промените на трансакциската сметка како и за различен тип трансакции:

  • СМС-известување за прилив на платежна сметка
  • СМС-известување за трансакции со платежни картички
  • СМС-известување за важност на картичка (на првиот работен ден од месецот кога истекува картичката)

СМС-услугата носи многу предности за клиентите на Банката, во земјата и во странство. На пример, корисникот добива СМС-известувања за какви било реализирани трансакции на кое било место во светот! Дополнително, корисниците добиваат известувања што придонесуваат за побезбедни и посигурни трансакции: навремена информација и спречување злоупотреба на картичката, известувања за секој прилив на трансакциската сметка, информација за истек на важноста на платежната картичка, дополнителна безбедност при вршење трансакции.

Воедно, корисниците ќе можат да се запознаат со сите новости и најнови производи од Шпаркасе Банка преку промотивните известувања по СМС.

ПРОМОТИВНО до 31.05.2017 г. - сите клиенти што ќе аплицираат за услугата СМС-известувања, добиваат бесплатно користење на услугата до истекот на третиот месец од аплицирањето!

Дополнителни информации за оваа понуда можете да погледнете на следниот линк или во која било експозитура на Банката.