Stip_2
  • 2017 6 Септември
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ВО ШТИП, ОТСЕГА НА НОВА ЛОКАЦИЈА

ШПАРКАСЕ БАНКА ВО ШТИП, ОТСЕГА НА НОВА ЛОКАЦИЈА

6.9.2017 г. (Скопје) – Со свечен настан во текот на вчерашниот ден Шпаркасе Банка Македонија го прослави почетокот на работењето на својата експозитура на нова локација во Штип, на ул. „Јосиф Ковачев“ бр. 15.

На настанот, на кој воедно се одбележи и 15-годишен јубилеј од постоењето на експозитурата во Штип, присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на Банката од градот и од регионот. Новата експозитура која е лоцирана во новоизграден објект, располага со модерен ентериер според најсовремени стандарди воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

„Шпаркасе Банка Македонија ги следи промените во трендовите и новите навики кај потрошувачите и со нивните очекувања ја приспособува и понудата на банкарските производи и услуги. Се надеваме дека експозитурата во Штип во новите деловни простории ќе ги задоволи очекувањата на клиентите и ќе им овозможи пријатна атмосфера при користење на највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување. Од неодамна во сите експозитури на Шпаркасе банка се овозможи слободен Wi-Fi пристап за сите клиенти и посетители на Банката“ – изјави г. Васко Мукаетов, регионален директор на Регионална дирекција - Исток.

Во склоп на сеопфатна палета производи и услуги што ексклузивно ја вклучува и лизинг понудата, како спецјален дел од настанот беше презентацијата на ексклузивните модели на Jaguar Land Rover, како и практичните модели на Citroёn, кои беа изложени пред експозитурата благодарение на „Аутомобили гроуп“ и „Автонова“. Тие одблиску се запознаа со моќта и престижот на Jaguar Land Rover, како и со урбаните ѕвезди на францускиот автогигант. Вечерта кулминираше со уште едно визуелно изненадување за гостите на настанот, огномет како спектакуларно финале на овој одличен настан.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.