img_alvin_2
  • 2018 26 Јануари
    Известувања ИНТЕРВЈУ СО ЧЛЕН НА УО, Г-ДИН АЛВИН АЛИЧЕВИЌ

Интервју со член на Управен одбор, г-дин Алвин Аличевиќ

Г-дине Аличевиќ, кои ќе бидат вашите задачи во Шпаркасе Банка Македонија како нов член на Управниот одбор?

Како нов член во Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, надлежен сум за следење и раководење на повеќе сектори кои ја вклучуваат позади- нската работа на Банката (процесирање), управувањето со ризици, стратегиски ризик, организација и ИТ, правната служба, координација на контрола на усогласеност со прописи во работењето на Банката, вклучително и спречување перење пари, како и активности во делокругот на управувањето со ризици кајпозадинските активности (middle и back offi ce) како и управување со средствата и обврските на Банката.

Што од вашето искуство во централата Штаермеркише Шпаркасе во Грац, Австрија, сметате дека треба да се примени во банкарсткото работење во Македонија? Во Штаермеркише Шпаркасе Банка во Грац, Австрија бев одговорен за управување со стратегиски ризици за регионот на Југо- источна Европа, со оглед на тоа дека Банката поседува претставништва во сите земји на поранешна Југославија. Пазарот во овие земји меѓусебно е многу сличен и на таа основа, стекнатото позитивно искуство во една земја може да биде пренесено во друга земја која е членка на Групацијата. За време на мојот ангажман ќе настојувам позитивното долгогодишно искуство што го имам стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесам и применам во секојдневното работење во Шпаркасе Банка Македонија.
Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.