Rab_vreme_002
  • 2018 31 Јануари
    Соопштенија ЗАТВОРАЊЕ НА ЕКСПОЗИТУРА ДЕБАР И АЕРОДРОМ

Затворање на експозитура Дебар и Аеродром

Ве известуваме дека услугите на експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во населба Аеродром со седиште на бул. Јане Сандански бр.12 како и експозитурата Дебар со седиште ул. 8-ми Септември бр. 1 ќе можете да ги користите заклучно со 15.02.2018 година (четврток).

Во иднина Ве упатуваме секојдневните банкарски трансакции и услуги кои до сега ги користевте во експозитурата Аеродром, да ги користите во најблиската експозитура Јане Сандански, лоцирана во населба Аеродром на бул. Јане Сандански бр.113б.

Услугите од експозитура Дебар, ќе може да ги користите во најблиските експозитири (Струга или Гостивар) како и преку алтернативните канали, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Ви благодариме за досегашната соработка и се надеваме дека и во иднина ќе останете наши клиенти.