Rab_vreme_002
  • 2018 21 Февруари
    Соопштенија Релокација на Експозитура Тетово

Релокација Тетово

Поради извршување на активности за релокација на eкспозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово, Ве известуваме дека eкспозитурата на ден 23.02.2018 (петок) ќе работи со клиенти до 12:00 часот, додека на ден 24.02.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.

Од 26.02.2018 (понеделник) почнувајќи од 10:00 часот, услугите на eкспозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово ќе можете да ги користите на новата локација на ул. Илинденска бр.1/1, Тетово. Изменетиот режим на работно време е прилагоден според периодот на извршување на активностите за релокација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовно работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.