STSP_2
  • 2018 30 Март
    Соопштенија Нов состав на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац

Нов состав на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац

До летото 2019 година ќе се изврши ре-избор на членовите на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац, кој вклучува и промени во неговиот состав. Мандатот на извршните членови на Управниот одбор на Steiermärkische Bank and Sparkassen AG Graz истекува до крајот на месец мај 2019 година, додека М-р Франц Кербер ќе ја достигне законската старосна граница во мај 2019 година, од кога и ќе замине во пензија.

На седницата одржана на 28 март 2018 година, Надзорниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац донесе одлука за новиот тим на Управниот одбор со важност од јуни 2019 година.

Нов состав на Управниот одбор во Грац

Од јуни 2019 година, на постоечките членови на Управниот одбор на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG Graz, Д-р Герхард Фабиш (CEO) и Д-р Георг Бухер (член на Управниот одбор), ќе им се приклучат два нови члена, кои се претставени во продолжение.

Новите членови на Управниот одбор во Грац се Д-р Оливер Крепфл и М-р Валбурга Зајдл. И двајцата се долгогодишни вработени во компанијата со екстензивно искуство и длабоко познавање на банкарската групација, како и извршувале менаџерски функции во изминатите години.

Оливер Крепфл е правник и управува со Генералниот Секретаријат.

Валбурга Зајдл е бизнис администратор и е одговорна за Секторт за Управување со стратегиски ризик.

Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата работа со постојниот Управен одбор и органи на управување.