img_002
  • 2018 19 Декември
    Соопштенија Известување за клиенти - Реновирање на експозитура Ѓорче Петров

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка во населба Ѓорче Петров на локација ул. Ѓорче Петров бр. 33 во периодот од 31.12.2018 до 21.01.2019 година нема да работи поради реновирање. Експозитурата ќе продолжи со работа од ден 21.01.2019 година (понеделник). Банкоматот ќе остане во функција за време на реновирањето.

Експозитурата ќе работи со клиенти заклучно со петок 28.12.2018 година до 16:30 часот.

Во периодот на реновирањето на експозитурата, можете да се обратите во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка во Лептокарија на Ул. Партизански одреди бр. 102-г или да не контактирате на телефонскиот број 078-495-804. Исто така на располагање Ви стојат алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија