atm_s_02
  • 2019 20 Ноември
    Соопштенија Подигнување на готовина без провизија од банкоматите на Охридска Банка

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека со приклучувањето на Охридска банка во рамките на Шпаркасе Групацијата ќе Ви биде овозможено да подигнувате готовина без провизија од преку 120 банкомати поставени ширум државата.

Услугата за подигнување на готовина без провизија од банкоматите на Охридска банка на корисниците на дебитните картички издадени од Шпаркасе Банка Македонија ќе им биде овозможена од 01.01.2020г. Дотогаш, за сите трансакции ќе се наплатува провизијата дефинирана согласно Тарифникот на Банката.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија