img_2
  • 2020 27 Март
    Известувања Стручниот тим на Шпаркасе Банка Македонија интензивно работи на развојот на концептите за олеснување

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека стручниот тим на Шпаркасе Банка Македонија интензивно работи на развојот на концептите за олеснување на отплатата по основ на Вашите кредитни изложености.

Како општествено одговорна банка при развојот на концептите ги земаме во предвид сите аспекти кои ќе Ви овозможат полесно справување со кредитните долгови и ќе Ви го олеснат долгорочното одржување на Вашиот бизнис. Овие пресметки и анализи бараат време, но многу бргу во наредните денови ќе излеземе со детална понуда за можните кредитни олеснувања спрема населението и со образец за апликација наменет за компаниите. Партнерски со вас сакаме да ги надминеме сите предизвици кои произлегоа од КОВИД-19 кризата.

Истовремено, сакаме да укажеме дека Уредбата од Владата на Република Северна Македонија се уште не е објавена во официјалните гласила (Службен весник на Република Северна Македонија) за формално врз база на објавена законска регулатива да отпочне процесот на одложување на обврските по задолженијата кон банките. Навремено ќе Ве информираме за сите активности, а за ефикасно одвивање на овој процес многу е важно заеднички да дефинираме ефикасен модел. Тоа го правиме во моментот и како што претходно истакнавме, набргу ќе излеземе со конкретни понуди и решенија.

Искрено Ваша,

Шпаркасе Банка Македонија