Rab_vreme_002
  • 2020 3 Април
    Соопштенија Известување за промена на работното време на Експозитура Куманово

Почитувани клиенти,

Согласно донесената одлука на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, ве информираме дека нашата експозитура во наредниот период ќе работи со изменето работно време.

Ги информираме клиентите дека експозитурата во Куманово од понеделник до петок ќе работи од 08:30 до 14:00 часот, додека во сабота експозитурата нема да работи.

Останатите експозитури ќе работат со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:30 часот до 15:00 часот, освен Експозитура Централа која ќе работи до 16:30 часот. Целосната листа на експозитури можете да ја погледнете на следниот линк каде редовно се ажурира работното време на експозитурите. Пред секоја посета на експозитура на Банката задолжително проверете го нејзиното работно време.

Ве потсетуваме дека при посетите во експозитурите треба да се почитува посебниот режим за влез на најмногу двајца клиенти во исто време и да се избегнуваат редици и гужви пред шалтерите во експозитурите, со одржување на препорачано растојание од најмалку еден-два метри со другите присутни лица во експозитурата. Во сите експозитури се поставени средства за дезинфекција, при што Ве молиме за Ваша заштита да ги дезинфицирате рацете при влез и при излез од експозитурата.

Поради намалените капацитети во наведениот период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk , социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Шпаркасе Банка Македонија