• 2020 6 Април
    Соопштенија Групацијата Штаермеркише Шпаркасе повторно со рекордни финансиски резултати за 2019 годинa

Многу сме задоволни со финансиската 2019 година!

Годишен резултат со состојба на 31 декември 2019 година

на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе

 

Од лево кон десно: Д-р Георг Бухер, Член на Управниот одбор, Д-р Герхард Фабиш, Главен извршен директор, М-р Валбурга Зајдл, Член на Управен одбор, Д-р Оливер Крепфл, Член на Управен одбор

Fotocredit: Werner Krug

► Резултат за периодот по оданочување EUR 197 милиони, оперативен резултат EUR 230 милиони

► Добри стапки на раст: Раст на кредитите од 8,9 %, раст на депозитите од 10,6%. Вкупен раст на Билансот на состојба од 9,1%.

► Континуирана многу добра состојба со ризикот и одлична капитална базаСтекнување на 91,57 % од акциите на Охридска банка во Северна Македонија

► Стекнување на 91,57 % од акциите на Охридска банка во Северна Македонија

► Повеќе од 70.000 нови клиенти

„Штаермеркише Шпаркасе постигна исто така многу задоволителни резултати во 2019 година. Со резултатот за периодот по оданочување од 197 милиони евра, резултатот од претходната година како и предвидениот резултат се значително надминати. Домашното работење кај сегментите правни лица и физички лица постигна натпросечни резултати. Резултатите на нашите подружници во регионот на Западен Балкан, исто така, се значително над планираните. Активностите кои беа во фокусот на компанијата континуирано беа насочени кон стекнување нови клиенти, балансиран сооднос помеѓу депозитите и кредитите, како и кон висок квалитет и одржлив раст. Со купување на 91,57% од акциите на Охридска банка во Северна Македонија, Штаермеркише Шпаркасе успеа значително да го зголеми своето учество на пазарот во Северна Македонија и сега е четврта најголема групација на тој пазар“, вели Герхард Фабиш, Генерален извршен директор на Штаермеркише Шпаркасе.

Повеќе детали за Годишниот резултат со состојба 31 декември 2019 година погледнете во целосното Соопштение за јавност и презентацијата за компанијата.