• 2020 8 Април
    Соопштенија Променет режим на работа на сервисните услуги

Почитувани клиенти,

Согласно дополнителните мерки на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија со важност од 8 април 2020 година и променетото работно време на експозитурите до 14:00 часот и на позадинските операции до 14:30 часот, Ве известуваме за начинот и времето на реализација на следните активности:

I. Девизен платен промет

  1. Ностро дознаки - Cut-off за презентација на дознаки хартиени и електронски 13:00 (денарски и девизни).
  2. Лоро дознаки - Девизните приливи генерално ќе се извршуваат со редовен режим на работа
  3. Електронски заклучници за откуп и продажба на девизи - Cut-off 13:00.

II. Денарски платен промет

  1. Процесирање на денарски налози - Терминскиот план за обработка на денарски налози останува непроменет. КИБС и МИПС остануваат со редовен режим на работа, а интерните обработки се извршуваат 24/6. Електронскиот канал за достава на денарски налози продолжува да функционира со редовен режим на работа.
  2. Отворање, промени и затворање на сметки - Овој процес ќе се извршува до 14:30 часот, со оглед на тоа што истиот во целост е поврзан со работењето на експозитурите.

III. Сервисен центар за процесирање

  1. Обработка на трајни налози - Ќе се спроведува редовно, до 16:30 часот.
  2. Постапување по рекламации - Ќе се спроведува редовно, до 16:30 часот.
  3. Издавање на потврди за клиенти - Ќе се спроведува до 14:30 часот, со оглед на тоа што издавањето на потврди во целост е поврзано со работењето на експозитурите.

IV. Откуп и продажба на девизи

Вашите барања за откуп и продажба на девизи да ги доставувате најдоцна до 13:00 часот. Поради намалените капацитети за обработка на Вашите барања доставени после овој термин, Банката не може да гарантира дека ќе се извршат во тековниот работен ден. Оваа измена на режимот на девизниот пазар ќе важи се до нашето наредно известување. За сите прашања што може да ги имате во овој домен на работењето, Ве молиме да не контактирате на следната мејл адреса: devizenpazar@sparkasse.mk

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија