img_02
  • 2020 8 Април
    Известувања Начин на достава на фактури

Почитувани,

Со цел избегнување на ризиците од корона вирусот Covid-19 и согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба објавена во Службен весник бр.80 на 27.03.2020, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ги известува сите свои соработници дека го поддржува овој начин на достава на фактурите и ќе прифаќа за плаќање фактури пратени по електронски пат.

Согласно Уредбата, за електронска фактура ќе се смета фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи на фактурата утврдени со член 53 став (10) од Законот за данок на додадена вредност и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

Фактурите пратени по електронски пат реба да се доставуваат исклучиво на e-mail адресата Smetkovodstvo@sparkasse.mk. Доколку Банката во рок од 10 дена не се изјасни, ќе значи дека ја прифаќа фактурата пратена по електронски пат.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Шпаркасе Банка Македонија