img_02
  • 2020 15 Април
    Известувања БЕСПЛАТНИ плаќања преку NetBanking и S-Banking до 31 мај

Почитувани,

Шпаркасе Банка Македонија го продолжи периодот за вршење трансакции преку електронското и мобилното банкарство БЕЗ ПРОВИЗИЈА за физички лица до 31.5.2020 година.

Ги упатуваме клиентите да ги користат дигиталните услуги за вршење на потребните трансакции и плаќање на режиските трошоци, со цел да се заштитат себеси од непосакувана зараза од коронавирусот КОВИД-19, како и да ги заштитиме и нашите вработени во експозитурите, кои секојдневно се на своите работни места.

Во периодот на важноста на мерките од Владата на РСМ за ограничено движење на граѓаните, нашите експозитури работат со работно време од 08 до 14 часот. Сите промени редовно се ажурираат на нашата веб страница на следниот линк. Ве замолуваме пред секоја планирана посета во некоја од експозитурите задолжително да го проверите нејзиното работно време.

За сите останати потребни информации за нашите понуди и услуги можете да се информирате и преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

Грижете се за себе и за Вашите најблиски. Заштитете се од коронавирусот и останете дома!

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија