• 2020 20 Април
    Известувања Исплата на субвенции на тутунарите

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од денес, 20 април (понеделник), сите тутунари ќе можат да ги подигнат субвенциите за тутун.

Клиентите кои поседуваат картички и сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе може да го направат тоа во понеделник (20ти април) од 16:00 до 23:00 часот. За нив и исклучиво за оваа намена ќе биде дозволено движење за време на полициски час, под строго контролиран режим од страна на МВР.

Останатите корисници на субвенции за тутун кои немаат картички или не подигнале готовина на АТМ, а имаат потреба или сакаат да подигнат готовина ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно воспоставен редослед по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 21.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од А до Д
  • На 22.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Ѓ до К
  • На 23.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Л до Р
  • На 24.04.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од С до Ш

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата од субвенциите за тутун преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

На граѓаните од православна вероисповед им го честитаме големиот христијански празник Велигден и им посакуваме денови поминати во добро здравје.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија