• 2020 1 Јуни
    Соопштенија Исплата на парични права од социјална и детска заштита за м. мај

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од утре, 02.6.2020 година (вторник), ќе започне исплатата на паричните права од социјална заштита за месец мај.

Клиентите кои поседуваат картички и сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе може да го направат тоа во вторник (02 јуни). Останатите корисници на парични средства од социјална заштита кои немаат картички или не подигнале готовина на АТМ, а имаат потреба или сакаат да подигнат готовина ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно воспоставен редослед по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 2 јуни (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • На 3 јуни (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • На 4 јуни (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија