img_02
  • 2020 26 Мај
    Соопштенија Известување за исплата на мајските пензии од фондот на ПИОМ

Драги пензионери,

Ве известуваме дека од 27.05.2020г. мајската пензија ќе биде на располагање на Вашата платежна сметка. За подигнување на готовина имате достапна мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка), со Вашите дебитни картички или пак да плаќате безготовински кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • До 11.000 денари                 27.5.2020 г. (среда)
  • 11.001-14.000 денари           28.5.2020 г. (четврток)
  • 14.001-18.000 денари           29.5.2020 г. (петок)
  • Над 18.001 денари               01.6.2020 г. (понеделник)

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија