sparkasse_ostanidoma_02
  • 2020 3 Јули
    Соопштенија Известувањето за корисниците на парична помош од социјална и детска заштита.

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од денес, 04.8.2020 година (вторник), паричната помош од социјална и детска заштита за месец јуни ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата преку банкоматите и во трговската мрежа од денес, вторник, 04.8.2020 година, во попладневните часови.

Останатите корисници на социјална и детска заштита кои не користат картички ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно воспоставен редослед по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 4 август (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • На 5 август (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • На 6 август (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија