Rab_vreme_002
  • 2020 10 Јули
    Известувања Известување за клиенти - промена на работното време

Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка Македонија е во процес на издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“ заклучно со 18.07.2020 година, како дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија, наменети за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија.

Со цел да продолжиме со успешно и попристапно издавање на картичките „Купувам домашно“, дел од експозитурите на Банката ќе продолжат да работат со изменето работно време со следниот распоред:

  • од 13.07.2020 година (понеделник), заклучно со 17.07.2020 година (петок) со работно време од 08 до 18 часот ќе останат само експозитурите: Централа, Тетово, Куманово, Битола и Струмица. Сите останати експозитури ќе продолжат да работат со редовно работно време од 08 до 16 часот.
  • на 18.07.2020 година (сабота) со работно време од 09 до 14 часот ќе работат СИТЕ експозитури како последен ден за издавање на картичката „Купувам домашно“.
  • од 20.07.2020 година (понеделник) сите експозитури ќе продолжат да работат со редовно работно време од 08 до 16 часот. Подетално за секоја поединечна експозитура проверете го работното време на следниот линк.

Доколки се уште не сте ја подигнале Вашата домашна платежна картичка „Купувам домашно“, проверете преку која експозитура истата можете да ја подигнете на следниот линк: https://bit.ly/3dQeVGP. При посета во експозитурите задолжително почитувајте ги мерките за носење лична заштитна опрема: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично како и држење минимално растојание од 2 метри и дезинфицирање на рацете.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија