neraboten_02
  • 2020 31 Јули
    Известувања Известување за неработен ден - Курбан Бајрам и Ден на Републиката

Почитувани,

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РСМ („Службен весник на РСМ „бр.21/98 и 18/07), 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.  

02 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Експозитура Тетово и Експозитура Гостивар нема да работат денес 31 јули 2020 година.

Банката нема да работи на 03.08 2020 година (понеделник), а прв работен ден e 04.08.2020 година (вторник).

Ви го честитаме Денот на Републиката, а на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честитаме празникот Курбан Бајрам.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија