img_2
  • 2020 25 Август
    Соопштенија Исплата на пензиите за август

Драги пензионери,

Ве известуваме дека пензиите за август ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26  август 2020 во четири групи. Со пензиите можете да располагате преку Вашите дебитни картички за подигнување на готовина, имате достапна мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка)  или да плаќате безготовински кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • До 11.000 денари                 26.8.2020 г. (среда)
  • 11.001-14.000 денари          27.8.2020 г. (четврток)
  • 14.001-18.000 денари          31.8.2020 г. (понеделник)
  • Над 18.001 денари              01.9.2020 г. (вторник)

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија