img_002
  • 2020 4 Септември
    Соопштенија 47 Јавен ПОВИК за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


47то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Банката ул. Македонија бр. 34 Скопје, со следниот 


ДНЕВЕН РЕД


  1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;
  2. Разгледување на Записник од 46. седница на Собранието на акционери;
  3. Предлог за отпочнување на постапка за присоединување;

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Георг Бухер