• 2020 1 Октомври
    Соопштенија Спроведени промени во органите на Банката

Почитувани,

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката.

Поради истек на мандат за член на Управен одбор на членот Саша Боко заклучно со 30.09.2020 година, Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје продолжува да функционира во следниот состав:

Глигор Бишев – Претседател на Управен одбор

Алвин Аличевиќ – Член на Управен одбор

 

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје