BANER_2
  • 2020 13 Октомври
    Известувања Промена на условите на кредитите согласно првата Понуда на Банката

Почитувани,

 

Заклучно со 30.09.2020 година заврши периодот на одложена отплата на месечните обврски по кредитни изложености за население согласно Понудата на Банката за промена на договорни услови број 13.977/1 од 01.04.2020 година за одложување на отплата на кредитни обврски за период од 6 месеци и продолжување на рокот на отплата на кредитите за 6 месеци.

Почнувајќи од 15.10.2020 година извршена е промена на условите на кредитите за кои беше прифатена погорнаведената Понуда. Амортизационите планови со променетите услови се доставуваат на домашната адреса на кредитокорисниците. За информации во врска со новите амортизационите планови, корисниците на кредит може да се обратат во експозитурите на Шпаркасе Банка или во Контакт центарот на телефонскиот број 02 3200-600 од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

Доколку отплатата на споменатите кредити се врши со задршки од плата по основ на Административна забрана, во тој случај за промените во амортизациониот план кредитокорисниците задолжително треба да ги известат и одговорните лица кај својот работодавец, со цел наплатата на ануитетите да се совпаѓа со оние наведени во амортизациониот план.

Доколку отплатата на споменатите кредити се врши по основ на Договор за траен налог потпишан со Банката, во тој случај поради промените во амортизациониот план кредитокорисниците задолжително треба да потпишат нов Договор за траен налог со Банката со цел наплатата на ануитетите да се совпаѓа со оние наведени во амортизациониот план.

Посебна напомена за кредитите кои се во комбинација со полиса за животно осигурување:

Ве молиме имајте во предвид дека со Понудата на Банката број 13.977/1 од 01.04.2020 година се врши промена на договорните услови за кредитните обврски не вклучувајќи промени на договорните условите на полисите за животно осигурување. Одтаму постои разлика меѓу износот на осигурената сума од полисата за осигурување и остатокот на долгот по кредитот чии услови се променети согласно Понудата. Имено, осигурената сума е со траење до датумот договорен при реализација на кредитот додека согласно Понудата рокот на отплата на кредитите е продолжен за 6 месеци. Дополнително, остатокот на долг по кредитот за време на одложувањето на отплатата на кредитните обврски за период од 6 месеци не се намалува додека осигурената сума во текот на истиот период го следи остатокот на долгот по кредитот при негова редовна отплата и се намалува. Доколку кредитокорисниците сакаат да ја надополнат споменатата разликата и обезбедат целосно осигурително покритие, во тој случај имаат можност тоа да го сторат преку добивање дополнителна полиса во својата експозитура на Шпаркасе Банка Македонија. Доколку не ја искористат можноста во тој случај при настанување на осигурениот настан осигурената сума нема целосно да го покрие остатокот на долгот по кредитот за разликата настаната поради користење на Понудата за одложена отплата и продолжување на рокот на отплата на кредитите.

 

Со почит,

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА А.Д. СКОПЈЕ