Rab_vreme_002
  • 2021 21 Јануари
    Известувања Известување за скратено работно време експозитура Битола

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Битола на ден 22.01.2021г. (петок) ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 12:30 часот, поради преселба на новата локација на ул. 1 Мај бр. 1.

Експозитурата ќе продолжи да работи на новата локација од ден 25.01.2021г. (понеделник), со скратено работно време од 09:00 до 16:00 часот.

Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Маршал Тито бб) заклучно со петок (22.01.2021г.), до 12:30 часот.  Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација. Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија