Soopshetie_002
  • 2021 26 Мај
    Соопштенија Шпаркасе Банка со дополнителна исплата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка

Согласно  иницијативата на Владата на РСМ во рамки на четвртиот пакет мерки за справување со COVID- 19 кризата, во Шпаркасе Банка е извршена дополнитела исплата на финансиската поддршка на граѓаните кои биле распределени во Шпаркасе Банка, а на кои не им била исплатена поддршката во декември 2020 година.

Со оваа иницијатива е предвидена исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 мкд и се однесува на следните категории граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 мкд пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Клиентите можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени, со внесување на својот ЕМБГ преку следниот линк: https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/index

Исплатата на финансиската поддршка во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок, а најдоцна до 31.05.2021 година. Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

Воедно, Шпаркасе Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено платежна сметка, а се распределени за исплата во Банката, во најкус можен рок, а најдоцна до 31.05.2021 година да ја посетат најблиската експозитура на Банката со цел комплетирање на документацијата за отварање на платежна сметка.

За клиентите кои имаат блокирани сметки, Шпаркасе Банка ќе отвори нова платежна сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да ја посетат најблиската експозитура во најкус можен рок, а најдоцна до понеделник 31.05.2021 година.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот односно најдоцна до 31.05.2021 година да извршат редовно ажурирање на податоците /потпишат целокупната документација за новата платежна сметка во Шпаркасе Банка.

Ажурирањето на податоците/потпис на документација се врши исклучиво во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Средствата од финансиската помош ќе може да се искористат и по 31.05.2021 година доколку до 31.05.2021 година е извршено ажурирање/потпишана целокупната документација. 

Доколку најдоцна до 31.05.2021 година клиентите не ги ажурираат податоците/потпишат целокупната документација во една од експозитурите на Шпаркасе Банка, средствата од финансиската поддршка нема да можат да ги користат, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ.

 

Информација дали е потребно да се изврши ажурирање на податоци/потпис на документација во една од експозизтурите на Банката, клиентите можат да добијат:

1/ Со јавување во Контакт Центарот на Банката на телефонскиот број 02/3200-600, од понеделник до петок од 08 до 16 часот

2/ Во било која од експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (листа на експозитури и контакт телефонски броеви)

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија