img_002
  • 2021 11 Јуни
    Известувања Промена во трајните налози за кредитни картички

Почитувани клиенти,

Дозволете да Ве известиме дека поради промени на системот, процесот на наплата по основ на трајните налози за кредитни картички на физички лица издадени од Шпаркасе Банка Македонија ќе биде променет во насока на унифицирање и унапредување на временската рамка на процесирање.

Независно од датумот на реализација на трајниот налог наведен во Договорот за траен налог кој го имате склучено со Банката, почнувајќи од 16.07.2021 година трајниот налог за сите корисници на Visa кредита картичка ќе се реализира на 12-тиот ден од месецот, а за сите корисници на Mastercard кредитна картичка на 15-тиот ден од месецот. При тоа, доколку 12-ти и 15-ти се неработни денови, трајниот налог се реализира претходен работен ден.

Доколку не ја прифаќате горенаведената измена, можете да се обратите во една од експозитурите на Банката и да поднесете Барање за укинување на трајниот налог со цел отповикување на трајниот налог за плаќање на долг по кредитната картичка издадена од Шпаркасе Банка Македонија.

За дополнителни информации можете да се обратете во Контакт Центарот на телефонскиот број 02/3200-600, од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија