• 2021 6 Август
    Соопштенија Наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со VISA

„Happy VISA викенд!“

 

Наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со VISA

 

 

06.08.2021 г. Од денес започнува наградната игра „Happy Visa викенд„ за сите клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, корисници на VISA дебитни и кредитни картички, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари имаат можност да освојат една од бројните награди:

  • Главна награда автомобил KIA SPORTAGE
  • 70 ваучери за патување во Р.С. Македонија

Во наградната игра, која ќе трае од 06.08.2021 година до 24.09.2021 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на платежни картички за физички лица од брендот VISA, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како и VISA картичките на поранешната Охридска банка АД Скопје - која се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Во наградната игра се вклучени сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е – commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Физичките лица корисници на Visa дебитните платежни картички на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат една шанса за учество во наградната игра. Лицата корисници на Visa кредитните платежни картички на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат двојна шанса за учество во наградната игра. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка/и од Банката во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во наградната игра доколку ги исполнува условите.

Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши секој петок почнувајќи од 20.08.2021 година, а ќе заврши на 01.10.2021, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра. За време на извлекувањето ќе бидат присутни двајца претставници од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и нотар.

Секој петок од 20.08.2021 до 01.10.2021, се извлекуваат по 10 добитници на ваучери додека на главното извлекување покрај 10 викенд патувања ќе биде извлечен и еден добитник на главната награда, автомобил KIA SPORTAGE.

Повеќе информации за наградите како и Правилата на наградната игра „Happy VISA викенд“ може да се најдат на веб-страницата на Банката

www.sparkasse.mk или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02/ 15 050 секој работен ден од 08-18 часот.