Izvestuvanje_klienti_02
  • 2021 9 Август
    Известувања Привремено затворање на експозитура Гостивар

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Гостивар (ул. Илинденска бр.12) од ден 10.08.2021г. (вторник) ќе биде привремено затворена, поради надградба на мрежа.

Се замолуваат клиентите да се обратат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија на ул. Илинденска бр.109 (Гостивар) која ќе работи со редовно работно време од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство или побарајте ја најблиската локација на банкомат или експозитура преку Sparky вибер чет асистентот.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија