Rab_vreme_002
  • 2021 20 Август
    Соопштенија Известување за Експозитура - Мини Маркет

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Охрид - Мини Маркет (ул. Ул.Никола Карев бр.2 Охрид) од ден 20.08.2021г. (петок) е привремено нефункционална поради технички причини. Дополнително ќе биде објавена информација за повторно отворање на експозитурата и продолжување со редовно работно време.

Се замолуваат клиентите да се обратат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во Охрид - Централа на ул. Македонски Просветители 19  и Експозитура - Медицински центар на ул.Марко Цепенков бб, кои работат со редовно работно време од понеделник до петок од 08 до 16 часот, а експозитурата Охрид - Централа работи и во сабота од 09:00 до 13:00 часот.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство или побарајте ја најблиската локација на банкомат или експозитура преку Sparky вибер чет асистентот.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија