Izvestuvanje_klienti_02
  • 2021 1 Септември
    Соопштенија Исплата на парични права од социјална заштита - август 2021

Почитувани клиенти,

Од понеделник, 06.09.2021 година, Банката ќе врши исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва).

Со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од 06.09.2021 година, а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката по дадениот редослед според првата буква од презимето:

  • На 06.09.2021 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • На 07.09.2021 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од Банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија