Rab_vreme_002
  • 2021 3 Септември
    Соопштенија Известување за Експозитура - Кичево

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка Македониа АД Скопје во Кичево на ден 03.09.2021г. (петок) ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 14:00 часот, поради преселба на новата локација на ул. Ослободување бр. 20.

Експозитурата ќе продолжи да работи на новата локација од ден 06.09.2021г. (понеделник), со работно време од 08:00 до 16:00 часот.

Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација заклучно со петок (03.09.2021г.), до 14:00 часот. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, мобилно и електронско банкарство или побарајте ја најблиската локација на банкомат или експозитура преку Sparky вибер чет асистентот.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија