img_02
  • 2021 24 Декември
    Известувања Известување за промена на начин на креирање каматна стапка за кредитни картички за постоечки клиенти

Почитувани,

 

Почнувајќи од 01.01.2022 година Шпаркасе Банка АД Скопје ќе изврши промена на начинот на утврдување на променливата каматната стапка на кредитните картички при што оваа промена нема да влијае на висината на каматната стапка на кредитните картички, која во моментов изнесува 9,25%

Моментално променливата каматна стапка кај кредитните картички издадени од Шпаркасе Банка пред интеграцијата се утврдува врз основа на референтна каматна стапка на НБРСМ за денарски депозити без валутна клаузула, зголемена за 8 процентни поени маржа на годишно ниво, но не повисока од највисоката законски дозволена висина на каматна стапка.

Како референтна каматна стапка при определувањето на променливата каматна стапка се користи стапката што е последно објавена и достапна на веб страната на НБРСМ на секој 25.12. и 25.06. под називот “каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула” и истата се применува во периодот од 01.01. до 30.06 односно од 01.07 до 31.12 респективно.

Со промената, формулацијата за начинот на утврдување на променливата каматна стапка ќе гласи:

Променливата каматна стапка ќе се утврдува врз основа на висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени, но не повисока од определената со Закон.

Референтната стапка се определува за секое календарско полугодие и се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Референтната стапка НБРСМ ја објавува на својата веб-страница на почетокот на секое полугодие.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје