img_2
  • 2022 16 Мај
    Известувања Дополнување на Општите правила и услови за отворање и водење на ТРС

Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка АД Скопје, на ден 16.05.2022 година, изврши дополнување на Општите правила и услови за отворање и водење на ТРС, кое гласи:

5.13.

Во рамките на извршување на операциите во платниот промет, како во земјата така и со странство, Шпаркасе Банка АД Скопје како давател на услуги во платниот промет е должна да ja почитува важечката домашна регулатива за вршење на платниот промет, вклучително и одредбите од локалниот Закон за рестриктивни мерки и Одлуките за воведување на рестриктивни мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Тука спаѓаат и Одлуките со кои Владата воведува рестриктивни мерки согласно Одлуките на Советот на Европската Унија.

Имајќи во предвид дека Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групација Steiermaerkische Sparkasse AG, Грац, Р. Австрија, која подлежи на регулативата донесена од страна на Европската Унија, Банката има обврска за задолжително почитување и на таа регулатива. Во таа насока Банката во однос извршувањето на трансакциите спрема странство, подлежи на истите регулаторни обврски како и Групацијата на која и припаѓа.

Клиентите се должни да бидат свесни и соодветно информирани за актуелни ограничувања и рестриктивни мерки во платниот промет.

Согласно горенаведеното, Шпаркасе Банка АД Скопје укажува на своите клиенти дека одредени трансакции во платниот промет со странство, можат да бидат сопрени од страна на кореподентските банки преку кои се врши плаќањето во странство и како последица на тоа средствата од клиентот можат да бидат задржани од страна на тие банки, согласно важечката регулатива во земјата во која се наоѓа седиштето на коресподнетната банка односно ограничувањата и рестриктивните мерки кои се важечки во таа земја. Во таков случај, Шпаркасе Банка АД Скопје нема да биде одговорна за неспроведување на трансакцијата, ниту за евентуалната штета која би ја трпел клиентот и нема обврска за надоместување на штетата која клиентот би ја претпрпел поради делувањето на странската банка.

Со почит,

Шпаркасе Банка