img_2
  • 2022 2 Јули
    Соопштенија 52 Јавен ПОВИК за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


52то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје кое ќе се одржи на 03.08.2022 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во седиштето на Шпаркасе Банка АД Скопје на ул. Орце Николов бр. 54 Скопје, со следниот 


ДНЕВЕН РЕД


1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;

2. Разгледување на Записник од 51.седница на Собранието на акционери;

3. Предлог Одлука за зголемување на основната главнина со издавање на обични акции со право на глас од 21ва емисија по пат на приватна понуда на институционален инвеститор

4. Предлог Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје

5. Предлог Одлука за именување член на Надзорниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје

6. Предлог Одлука за утврдување на висината на надоместокот за работа во органите на Шпаркасе Банка АД Скопје (Надзорен одбор и Одбор за ревизија)

7. Предлог Оддлука за усвојување на Деловник за работа на Собранието на акционерите на Шпаркасе Банка АД Скопје

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.


ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Георг Бухер