img_002
  • 2022 5 Септември
    Соопштенија Шпаркасе Банка со нова експозитура во населба Тафталиџе

На ден 05.09.2022 г  започна со работа новата експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во населба Тафталиџе, Скопје

На нова атрактивна локација, со модерен ентериер и функционален простор, опремена според највисоките стандарди во банкарскиот сектор, новата експозитура преку својот професионален тим вработени ќе се потруди да обезбеди врвно корисничко искуство за нашите клиенти!

На свеченото отварање присуствуваа и членови на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка, кои споделија дека Банката и натаму останува силно посветена на својата визија да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, истовремено поддржувајќи го развојот на локалните заедници.

Ве очекуваме во новата експозитура на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр.96 , секој работен ден со работно време од 08:00-16:00 часот.